Во рамките на 21. коло од првата турска лига во првиот натпревар се сретнаа помеѓу себе Коњаспор на Леонард Жута и Адис Јаховиќ против тимот на Јени Малатијаспор. Резултатот од овој натпревар гласи 1:1 за поделба на бодовите за двете екипи.
Први во водство дојдоа гостите кога Алексиќ во 74. минута постигна гол за 0:1, а бод за дмаќините донесе кој друг ако не македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој во 85. минута успешно го реализира ударот од белата точка.
За Јаховиќ ова е вкупно шести гол во првенството и се специјализира за удари од оваа позиција, освен тоа заработи и жолт картон на овој меч. Вториот интернационалец Леонард Жута исто така го одигра целиот натпревар и беше стандардно квалитетен на својата лева бековска позиција.
Видео: Успешно реализиран пенал на Адис Јаховиќ
GOL! Adis Jahovic (Pen) | Atiker Konyaspor 1-1 Evkur Yeni Malatyaspor pic.twitter.com/Cv98FovVBQ
— Spor Toto Süper Lig (@STSLigNet) February 10, 2019



