На стадионот ,,Енио Тардини” каде што игра Парма тешко се стигнува до бодови, а тоа на своја кожа го почуствуваа и фудбалерите на Интер кои со многу тешкотии и со помош на џокерот од клупата кој го внесе Спалети и влегувањето во игра на Лоутаро Мартинез во 77 минута за по две минути подоцна, односно во 79 минута да постигне победнички гол за ,,нероаѕурите” по пост од три натпревари. Со овие три бода Интер се зацврсти на третата позиција на табелата со 43 освоени бода, додека Парма е на средината на табелата.



