Наполи не успеа да дојде до победа над Фиорентина, а крајниот резултат гласи 0:0. Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали после натпреварот беше лут на своите соиграчи и во изјава за медиумите го кажа следново:
,,Ова е разочарување. Ни правеа проблеми затоа што ни вршеа висок пресинг. Нашите додавања кои беа успешни беа прилика за гол шанси. Наполи сеуште има шанси да дојде до Скудетото и секој кој не верува во тоа треба да остане пред соблекувална. Се додека математички е можно јас ќе продолжам да верувам во наш успех” – заврши Кулибали.



