Министерството за внатрешни работи од Русија објави дека во нивната земја сеуште има околу 5.500 навивачи кои пристигнале на Мундијалот, а по седим месеци по неговото завршување тие останале во Русија.
Најголем број од нив 1863 се од Нигарија, а има и од земји кои не ни беа учесници на Мундијалот, каде што 911 виетнамци и 456 државјани на Бангладеш се во Русија како имигранти. Министерството објавува дека е искористен нивниот тогашен систем за акредитизација за Светско првенство кои можеа да го користат странски државјани за време на ова натпреварување.



