Најдобриот српски тенисер во историјата уште еднаш покажа дека е многу повеќе од врвен спортист. Новак Ѓоковиќ планира да отвори ресторан за бездомници, се вели во изјавата објавена од неговата служба за печатот до британските медиуми.
“Парите не се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, бидејќи секогаш ме поддржаа “, се вели во соопштението.
Засега не е познато каде ќе се наоѓа ресторанот, ниту како ќе функционира, но локацијата, веројатно, ќе биде во Србија. Со други зборови, Ѓоковиќ веќе има два ресторана, еден во Белград, а другиот во Монте Карло, и во неколку наврати изјави дека сака да се занимава со угостителството и готви, пишува Noizz.



