Столе Димитриевски со својот тим Рајо Валјекано стигна до тешка гостинска победа во рамките на 21. коло над сезонава одличниот Алавес и тоа без затресена мрежа по подолго време. Рајо Валјекано триумфира со 0:1 со голот на Раул де Томас, а Димитриевски беше сигурен на својот гол.
Од друга страна во Серија А во рамките на 21. коло Џенова дојде до важна победа на гостински терен против Емполи со триумф од 1:3. На овој натпревар Горан Пандев не доби можност за настап и од клупата за резерви го проследи мечот.
Што се однесува до нашите репрезентативци Столе Димитриевски и Горан Пандев мора да потенцираме дека имаат исти тимски статистички показатели, а се работи за тоа дека двете екипи (Рајо Валјекано во Примера и Џенова во Серија А) е во тек 21. коло во кое што Димитриевски и Пандев со нивните тимови во ист период стигнаа до важни гостински победи, имаат ист број на бодови на табелата, односно по 23, се борат за опстанок, имаат заедно по 6 победи, 5 нерешени и 10 порази со 23 освоени бода, а и во гол разликата се сосема блиску каде што Џенова има скор од 28 постигнати и 38 примени голови, додека Рајо Валјекано има скор од 25 постигнати и 36 примени гола.



