Во рамките на 19. коло од Првата турска лига Фенербахче по подолго време запиша домашна првенствена победа, а триумфираа над Јени Малататијаспор кој се во горниот дел на табелата со 3:2. Погодоците за Фенербахче ги постигнаа Мехмет Екичи кој беше двоен стрелец, а воедно не успеа да реализира и пенал во вториот дел, додека во првиот дел гостите постигнаа два гола и тоа преку Мина Меза и Доналд кој е поранешен фудбалер на Црвена Звезда.
Победничкиот гол го постигна Мехмет Топал со глава во 86. минута за радост на домашните навивачи на ,,Шукру Сарачоглу ” стадионот во Истанбул. Македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас настапи од 80-та минута, додека свое деби за ,,канаринците” го имаше Виктор Мозес кој настапи од 66. минута, а дојде од редовите на Челзи и се претстави во одлично светло.



