Извлечени се паровите за 1/8 финалето од англискиот ФА куп. Најголемо внимание предизвикува двобојот помеѓу двата ,,ташкаши” Челзи против Манчестер Јунајтед кој ќе се игра на ,,Стемфорд Бриџ”.
,,Црвените ѓаволи” имаа тежок период со Жозе Мурињо, но откако на клупата седна норвежанецот Оле Гунар Солскјер тимот е во победнички ритам. Челзи игра солидно оваа сезона со тоа што имаше шанса да стигне до повеќе бодови, но имаа послаба реализација на шансите и со новото засилување Гонзало Игуаин тоа треба да се поправи во понатамошниот тек на првенството.
Останати двојки ФА куп 1/8 финале:
Челзи – Манчестер Јунајтед;
Вимблдон – Милвол;
Мидлзбро/Њупорт – Манчестер Сити;
Бристол Сити – Шрозбери/Вулверхемптон;
Брајтон/ВБА – Дерби Каунти;
Свонси Сити – Брентфорд;
Портсмаут/КПР – Ватфорд и
Донкастер – Кристал Палас.



