Младата јапонска тенисерка Наоми Осака го освои вториот Гренд Слем трофеј во нејзината кариера овој пат таа триумфираше на Австралија Опен во финалето против Петра Квитова од Чешка со 2:1 по сетови (7:6, 5:7 и 6:4).
Првиот нивни сет измина без брејк за двете тенисерки, а во решавачкиот Тајбрејк јапонката го доби со 7:2 за водство од 1:0. Наоми во вториот сет не успеа да ја искористи психолошката предност и во неизвесен сет Квитова израмна на 1:1 во сетови.
Сепак Наоми Осака во решавачкиот сет не дозволи никакво изненадување и со сигурна игра дојде до триумф од 2:1 по сетови и освен тоа таа сега се позиционира на првата позиција на ВТА листата, а пред неа ако продолжи со ова темпо и претстои блескава кариера.
What a moment. @Naomi_Osaka_ wins her second Grand Slam in a row 🏆🏆#AusOpen pic.twitter.com/9TTskXIH9E
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 26, 2019



