1.Лангедок, Франција
Лангедок е историски крајбрежен регион во јужна Франција, кој е одговорен за повеќе од една третина од вкупното производство на вино во Франција. Сезоната на растење (помеѓу мај и август) е многу сува и поголемиот дел од врнежите се случуваат во текот на зимата. Поради тоа регионот Лангедок, е еден од најжешките и најсушните региони на Франција.
Исто така, тој е една од најразновидните области во земјата. Се протега од медитеранскиот брег и Пиринеите на југ до Националниот парк Cevennes на север, област на плажи, планини и тивка природа.
2.Тоскана, Италија
Областа Кјанти во Тоскана е една од најубавите во регионот. Таа нуди уникатни пејзажи, со зелени ридови покриени со широки полиња на лозови насади и маслинови градини. Како и Кјанти, Тоскана е исто така дом на значајни вински региони како Брунело ди Монталчино и Вино Нобел ди Монтепулчано.
Истражувањето на ридестите предели, испреплетени со лозја и преполнети со средновековни камени градби, е искуство кое никогаш нема да го заборавите, особено кога тоа ќе се доживее со познатото тосканско вино во рака.
- Риоха, Шпанија
Регионот Риоха е поделен на три дела, секој со своја посебна убавина. Риоха Алта е местото каде што ќе ги најдете најстарите лозја и градот Харо, познат по својот неуреден вински фестивал. Риоха Алавеса е дел од шпанската баскиска земја, најдобро искусен по прекрасните населби Лагардија и Саманиего. Риоха Баја на југо – исток е огромен, сушен регион кој е дом на најголемите стапалки на диносаурусите во Европа.
Темпранило е главниот вид на грозје во Риоха, а повеќето вина се мешаат со помали количини на Гранано, Грачано и Мазуло вид на грозје.
- Рајнлалд фалц, Германија
Ова е втор по големина германски вински регион (дефиниран од областа на одгледување) и се наоѓа во центарот на југозападна Германија, со идилични речни реки кои ги сечат планинските села.
Рајнланд фалц е регион познат по своите солидни убавини. Вгнезден во рамките на долините Мосел и Рајна, стана популарно место за велосипедизам и пешачење на Германците и меѓународните посетители.
- Дуро, Португалија
Дуро е португалски вински регион, засолнет од атлантските ветрови со планини и има медитеранска клима. Реката Дуро е централен дел на регионот, сечејќи ја долината и нуди спектакуларни пејзажи. Патувањето тука е вистинска забава. Пругата која што поминува покрај реката минува низ необични населени места каде имате можност да ги пробате локалните производи. За вистинска авантура патувајте со стариот воз од станицата Сао Бенто во Порто до селото Пинхао. Станицата е украсена со антички плочки посветени на одгледувањето на виновата лоза.
- Лоара, Франција
Долината Лоара се наоѓа во средниот дел на реката Лоара во централна Франција. Тaa е познатa како “Градина на Франција” поради изобилството на лозови насади, овоштарници и полиња со аспарагус. Климата е поволна во поголемиот дел од годината. Долината Лоара отсекогаш била од голема стратешка важност. Француските кралски семејства традиционално ги изградиле своите домови тука. Стотици замоци и палати се наоѓаат по должината на реката Лоара.
Најдобар начин да се истражи оваа долина и нејзиниот шарм е со велосипед, при што сигурно ќе наидете на некоја винарија покрај патот.



