Уживате во када полна со пиво, вода, хмељ и квасец 25 минути. Потоа одите во соба за релаксирање каде се релаксирате уште 25 минути. Пивската бања, наречена Bjórböðin, која се наоѓа во северен Исланд во селото Аркангасандур може да ви го овозможи тоа. Пивскиот квасец се користи на разни начини и е многу корисен.
Па, така капењето во пивската бања е многу корисно, бидејќи пивскиот квасец има исклучително моќен ефект врз кожата и телото. Овој третман е за чистење на кожата и има многу позитивен ефект врз здравјето. Бањата се состои од седум кади со пиво и до секоја од нив има пиво на точење кое може да го конзумираат сите лица над 20 години
Погледнете како изгледа:



