По 168-ми пат во Минхен започна популарниот Октоберфест, светски познатиот фестивал за љубителите на пивото. Како што налага традицијата, градоначалникот на Минхен првата кригла пиво му ја даде на претседателот на Владата на покраината Баварија, Маркус Зедер, пренесе „АП“. Се очекува околу шест милиони љубители на пивото да го посетат фестивалот што ќе трае до 6 октомври.



