Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид, кој се игра за награден фонд од 100.000 евра.
Ѓорческа до оваа рунда стигна по прекинот на мечот во осминафиналето, откако нејзината противничка го предаде дуелот во вториот сет по 50 минути игра. Ривалката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, правејќи брејкови во третиот и деветтиот гем. На почетокот на вториот сет македонската тенисерка направи брејк, по што противничката го предаде натпреварот.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Италијанката Лиса Пигато (189. место на ВТА листата), која со пресврт ја совлада Чехинката Лаура Самсон со 2:1 во сетови




