Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е нов фудбалер на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Напаѓачот стави потпис на договор што ќе трае до 2029 година.
Официјалната промоција на Миовски во новиот клуб е закажана за утре, кога тој и официјално ќе биде претставен пред медиумите и навивачите на „Ајброкс“.




