Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше извонредно деби во дресот на Битигхајм, кој во првото коло од Втората Бундес-лига како гостин го совлада тимот на Елбфлоренц со 28-24.
Томовски беше херојот на мечот со дури 20 одбрани, меѓу кои и три успешни интервенции од седум метри. Неговите одбрани во клучните моменти му овозможија на Битигхајм да ја задржи предноста и да стигне до важна победа на стартот од сезоната.
Со вакво издание, македонскиот голман веднаш ја потврди својата улога на главен адут на клубот во борбата за враќање во елитното германско ракометно друштво.




