Шкендија го шокираше романскиот првак ФЦСБ со победа од 2-1 на реваншот во Букурешт и обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Со овој триумф, тетовскиот клуб си обезбеди и сигурна европска есен, односно најмалку место во групната фаза на Конференциската лига.
Домашниот тим поведе преку Цисоти во 28. минута, но Латифи брзо израмни, а победата ја донесе Крстевски во 87. минута. Шкендија стана само втора македонска екипа што ќе игра во групна фаза на европско натпреварување, по Вардар во 2017 година.
Во следната рунда, Шкендија ќе се соочи со азербејџанскиот Карабах.




