На натпреварот „Kosova Sprint Triathlon 2025“, што се одржа во Езерото Батовце, Косово, стружанките Тија Кукунешоска и Хани Блерта забележаа одличен успех во женска конкуренција. Кукунешоска со време од 1:26:06 го освои златниот медал, додека Блерта заврши втора со време од 1:26:44.
Овој триумф е уште еден доказ за квалитетот и талентот што ги имаат македонските спортисти на меѓународна сцена.

Исто така учество зедоа Цветко Митрески вториот тренер во 3Дисциплини 5 то пласиран и Јован Рафтоски на кој ова му беше прва трка.




