Ракометниот клуб Струга ја потврди соработката со двајца домашни играчи – Филип Мечкароски и Бобан Савески. Двајцата стружани ги продолжија договорите и ќе бидат дел од тимот и во следната сезона.
Со ова, клубот продолжува да се потпира на домашен кадар и стабилност во ростерот, со цел нови успеси во претстојните натпреварувања.




