Селекторката на женската кадетска ракометна репрезентација, Даниела Новеска, го соопшти списокот на ракометарки кои ќе настапат на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) што ќе се одржи во Скопје.
На списокот се најдоа 15 ракометарки, што е максималниот број дозволен според правилата на турнирот. Нашите кадетки со голем мотив ќе настапат пред домашната публика и ќе се борат за добар пласман.





