На 66. Интернационална олимпијада по математика (IMO), која оваа година се одржа во Саншајн Коуст, Квинсленд – Австралија, средношколците од Македонија, Алексиј Тасиќ и Дамјан Давков, постигнаа извонреден успех освојувајќи златен и сребрен медал.
Овој резултат е доказ за големиот талент, труд и посветеност на младите македонски математичари, кои достојно ја претставија државата на едно од најпрестижните натпреварувања во светот.
Тасиќ и Давков се вистински амбасадори на знаењето и иднината, и нивниот успех заслужува огромни честитки и поддршка. Браво деца, Македонија е горда на вас!





