Само што заврши сезоната во Суперлигата тимот на Охрид веќе гради конкурентен и силен тим за наредната година. Покрај веќе потврдените засилувања од странство доаѓаат двајца одлични и искусни македонски ракометари.
Речиси извесно е доаѓањето во Охрид на левото крило Гоце Ојлески и специјалистот за одбрана Милорад Кукоски токму од редовите на новиот македонски шампион Еурофарм Пелистер.
Одличните Гоце Ојлески и Милорад Кукоски кои потекнуваат од Струга во својата богата кариера имаат играно за сите три најголеми македонски тимови Пелистер, Вардар и Металург со настапи и во Лигата на Шампионите. Истовремено како интернационалци го носеа дресот и на одличниот романски колектив Одорхеи. Со нив Охрид добива во исто време и на квалитет и на искуство и станува сериозен кандидат за местата во врвот на Суперлигата наредната сезона.




