Стружанка славеше во финалето на завршниот турнир кај кадетките против Ѓорче Петров со 28-24 и го освои трофејот трета година по ред во истата категорија.
За МВП на турнирот е прогласена Елена Балоска, организиратирот на играта на Стружанка, за најдобар голман е избрана Ива Дафинческа од Стружанка, додека најдобар стрелец е Јана Петровска од Делчево.
ALL STAR тим на Ф4 кадетки:
голман: Ива Дафинческа – Стружанка
лево крило: Ива Миноска – Стружанка
лев бек: Стефани Ристиќ – Скопје
среден бек: Јана Петровска – Делчево
десен бек: Маја Раткушиноска – Стружанка
десно крило: Ева Божиновска – Ѓорче Петров
пивот: Симона Блажевска – Ѓорче Петров