Браќата Никола и Ненад Костески одиграа одлична сезона во своите тимови а секако најсреќни за нивните резултати и титули се тато Војне и мама Сузана.

Никола Костески со неговиот тим Талент Плзен стигна до двојната круна во првенството на Чешка (ги освои и првенството и Купот). Помалиот брат Ненад Костески стана шампион на Македонија со неговиот Еурофарм Пелистер, а малку фалеше и тој да се закити со двојната круна бидејќи во финалето на Купот загуби минимално од Вардар.
