
Управата на Евертон подолго време не ги задоволува барањата на навивачите, но денес успеа да допре до срцата на сите симпатизери на ,,Карамелите”.
Имено, откако Френк Лампард доби отказ, за нов тренер на клубот од ,,Гудисон Парк” беше назначен Шон Дајч.
,,Чест ми е што станав нов тренер на Евертон. Јас и мојата екипа ќе дадеме сè за да го вратиме клубот на вистинските патеки.” – порача новиот менаџер на првото интервју во новата средина.
Дајч потпиша договор на две и пол години, а дебито ќе го има на домашен терен оваа сабота против лидерот на Премиер лигата – Арсенал.
Во тренерската кариера, Англичанецот остави огромен белег во Барнли, каде што го предводеше тимот од 2012 до 2022, а претходно, една сезона седеше и на клупата на Вотфорд.




