
Екипата на Роуф, од грчката Супер лига 2 Југ, има дванаесет порази на дванаесет одиграни средби во текот на оваа сезона.
Денес, во рамките на тринаесеттото коло, во дуелот на двата ривали од пределот на Атина, Роуф загуби од ПАЕ Егалео со 1-3.
Номиналните гости ја завршија речиси целата задача уште во првата третина од мечот, кога постигнаа три гола во интервал од седумнаесет минути.
Двапати во листата на стрелците за победничкиот состав се запиша Андреас Влахомитрос (24′, 27′), а еднаш стрелаше и Јанис Бастијанос (10′).
До крајот на првото полувреме, домаќините успеаја да дојдат само до шестиот тимски овосезонски погодок, откако Константинос Ницакис (45+1′) го постави конечниот резултат.
На табелата, Роуф остана ,,зацврстен” на самото дно, додека Егалео скокна на деветтата позиција.
https://www.instagram.com/p/Cn6oUB5ss76/?igshid=YmMyMTA2M2Y=




