
Филаделфија Иглс изборија пласман во Супер Боул, откако во конференциското финале на АФК ги декласираа Сан Франциско 49ерс со 31-7.
На стартот на втората четвртина, резултатот беше изедначен (7-7), но до крајот, ,,Орлите” направија серија од 24-0.
За Сан Франциско, единствениот тачдаун го постигна Кристијан МекКафри, додека двајцата квотербекови, Џош Џонсон и Брок Парди, освоија само вкупно 97 јарди.
Нивниот колега на спротивната страна, Џејлен Хуртс, уфрли 121 јард од 15/25 обиди и истрча за еден тачдаун.
Од неговите соиграчи, топката во противничката енд-зона ја внесоа уште Мајлс Сандерс (х2) и Бостон Скот.
Во финалето, Филаделфија ќе се бори за втората клупска титула против екипата на Канзас Сити Чифс.




