
Сасуоло, во рамките на дваесеттото коло од италијанската Серија А, дојде до деветтиот меѓусебен триумф над Милан, декласирајќи го со 2-5.
Гостите стекнаа брзо водство во почетната фаза преку Грегуар Дефрел (19′) и преку Давиде Фратези (21′), но само три минути подоцна, Оливие Жиру (24′) намали на 1-2.
До крајот на првото полувреме, Доменико Берарди (30′) додаде уште еден гол на претходните две асистенции, а во вториот дел, ,,петардата” на Сасуоло ја комплетираа Арман Лориент (п. 47′) и Матеус Енрике (79′).
На девет минути пред последниот судиски свиреж, Дивок Ориги (81′) стрелаше по вторпат за ,,Росонерите” што накрај се испостави како конечен резултат.
На табелата, Милан го држи четвртото место, додека Сасуоло ја претекна Специја и скокна на шеснаесеттата позиција.




