Педесет и првото издание на Светското првенство во санкање на вештачки патеки се одржа во Оберхоф, Германија.
На сите три трки од саботната програма, на злато се радуваше домашната нација, која во петокот ги освои и четирите први места на спринтовите.
Во женскиот дубл, подиумот беше потполно ист како и на спринтот – Џесика Дегенхардт и Шејен Розентал (1:17,619) на првото, Зелина Егле и Лара Михаела Кип (+0,126) на второто и Андреа Фетер и Марион Оберхофер (+0,187) на третото место.
Во женски сингл, Германија направи хет-трик на пиедесталот, откако со медали се закитија Ана Берајтер (1:23,991), Јулија Таубитц (+0,058) и Дајана Ајтбергер (+0,116).
Кај машките двојки, исто како и кај дамите, на двете трки, подиумот беше идентичен при што 1-2 победа за домаќините остварија Тони Егерт/Саша Бенекен (1:23,517) и Тобијас Вендл/Тобијас Арлт (+0,171), а бронза на Австрија и’ донесоа Јаник Милер и Армин Фраушер (+0,192).
Првата трка во неделниот термин беше во поединечна машка конкуренција, а на неа, единственото златно одличје на Австрија и’ гобдонесе Јонас Милер (1:25,478), кој победи пред Макс Лангенан (+0,096) и пред Давид Глајршер (+0,121).
Во екипата трка, Германија (2:22,266) повторно ја потврди својата доминација, а медали освоија уште Австрија (+0,023) и Летонија (+0,400).
Состави:
Германија – Ана Берајтер, Макс Лангенан, Тони Егерт/Саша Бенекен
Австрија – Маделен Егле, Јонас Милер, Јаник Милер/Армин Фраушер
Летонија – Кендија Апарјоде, Кристерс Апарјодс, Мартинш Ботс/Робертс Плуме