
Јоханес Лампартер го искористи домашниот терен и триумфираше на втората трка во Зеефелд со што го презеде првото место во поредокот на мини-турнејата ,,Зеефелд Трипл”.
Имено, Австриецот (25:19,2) отскија соло-трка и со новите сто поени изби на второто место во генералниот поредок.
Јарл Магнус Риибер, иако ја започна сезоната на посакуван начин, веќе седум трки е без триумф и неговата предност во вкупниот пласман се намали на само 28 поени.
На денешната трка, актуелниот шампион беше дисквалификуван во првата серија што го остави без ниеден освоен бод.
Во битката за втората позиција учествуваа четири натпреварувачи, од кои, подиум изборија Винценц Гајгер (+20,3) и Јулијан Шмид (+22,7), а во топ 5 завршија Кристјан Илвес (+25,1) и Рјота Јамамото (+25,3).




