
Втората трка од натпреварувачкиот викенд во Ле Рус (Франција) од Светскиот куп во крос-кантри беше денешниот спринт.
Во машка конкуренција, славје на домашната публика и’ донесе Ришар Жув (2:39,14), кој славеше по вторпат сезонава.
За само девет стотинки, на второто место заврши лидерот во генералниот поредок, Јоханес Клебо (+0,09), додека третопласиран беше Паал Голберг (+0,91), кој во фотофиниш го остави зад себе Едвин Ангер (+0,91).
Во големото финале, исто така, учествуваа уште Сиверт Вииг (+1,78) и Федерико Пелегрино (+1,82).
Кај дамите, првиот триумф во кариерата го освои Кристине Ставаас Скистад (3:01,97), која триумфираше пред Ема Рибом (+0,70) и пред Маја Далквист (+1,78).
Во продолжение, позади освојувачките на пиедестал, завршија Лин Сван (+2,08), Џулија Керн (+3,45) и Јохана Хегстром (+9,24).




