
Иако го започна СП со пораз од Нов Зеланд, Австралија ги врати своите шанси за пласман во полуфиналето.
Во четвртото коло од втората фаза, домашната селекција славеше над Ирска со убедливи 179/5 (20) – 137/10 (18.1).
Во првиот ининг, капитенот Арон Финч имаше 65 поени со кои го најави триумфот на Австралија.
Од противничките фрлачи, викети освоија само Џош Литл (2-21) и Бери МекКарти (3-29).
Што се однесува до удирачите на европската земја, убедливо најефикасен беше Лоркан Такер (71*), а од редовите на победничкиот состав, одлични беа Глен Максвел (2-14) и Адам Зампа (2-19).
На табелата, Австралија го држи второто место со натпревар повеќе во однос на Англија, додека Ирска ја зазема четвртата позиција.




