
Со синоќешната победа од 2-3, Њујорк Ренџерс славеа над Аризона Којотес по третпат во низа на меѓусебните дуели.
На мечот, гостите поведоа преку Алексис Лафрение на стартот на втората третина, а пресврт за домаќините направија Лосон Краус и Ник Бјугштад.
Сепак, до крајот, претставниците на ,,Големото јаболко” ја вратија предноста на своја страна, благодарение на Артеми Панарин и на Мика Зибанеџад.
Во Источната конференција, Ренџерс скокнаа на третото место, додека Којотес се претпоследни на Западот.




