
На двете досегашни средби од серијата на далечниот Исток, Северстаљ Череповец запиша два порази со две примени ,,петарди”.
Во првиот дуел, претставниците на Западната конференција загубија со 5-2 од Амур Хабаровск, а денес беа декласирани со 5-1 од Сибир Новосибирск.
На мечот, Сибир имаше вкупно дваесет шутеви со одлична реализација од огромни 25% за водство од 5-0 на десет минути пред крајот.
Во листата на стрелците за домашниот состав се запишаа четири различни хокеари, односно Владимир Бутузов, Тејлор Бек (х2), Никита Коротков и Вјачеслав Основин.
На спротивната страна, почесен погодок за гостите постигна Јегор Морозов.
Во Источната конференција, Сибир го зазема четвртото место, додека Северстаљ падна на осмата позиција на Западот со шесте порази во низа.




