Струшки Караорман после ремито мината недела против Детонит Плачковица на домашен терен, денес успеа да слави на гостувањето во Велес.
Стружани славеа против Борец со 0:2 и е враќаат со важни три бода во битката за што подобар пласман во Втората МФЛ.
Стрелци на головите за гостите беа Секулоски во 52. минута и Лога за 0:2 во 76.минута.




