
По четврт пат во низа на меѓусебните дуели, Минесота Вајлд славеа над Монтреал Канадиенс, откако синоќа триумфираа со 1-3.
На мечот, Јоел Ериксон им донесе водство на гостите во првата третина, а во вториот дел, за Монтреал израмни Кол Кофилд.
На средината на натпреварот, Брендон Духен им донесе нова предност на Вајлд, а домаќините имаа можност за ново израмнување, но Мајк Хофман промаши пенал.
Резултатскиот дефицит ги примори Канадиенс да играат со празна мрежа во финишот, која, за нивна жалост, заврши со нов гол на Ериксон.
Во Западната конференција, Минесота го држи единаесеттото место, додека Монтреал се наоѓа на четиринаесеттата позиција на Истокот.




