Во заостанатиот меч од деветтото коло на Чемпионшип, во дуелот на двата минатосезонски прволигаши, Барнли го порази Норвич со минимални 1-0.
Натпреварот целосно се одвиваше во една насока со тоа што Барнли ја имаше контролата, особено во првото полувреме, кога гостите немаа ниеден шут.
Накрај, како пресуден момент се покажа прецизно изведениот удар од белата точка на Џеј Родригез (п. 82′), кој го однесе Барнли на првото место на табелата.
Од друга страна, за Норвич, ова беше четврт пораз на последните пет лигашки натпревари, за спуштање на седмата позиција.