
Во седмото коло од тековната НФЛ сезона, Чикаго Берс ги надиграа Њу Ингланд Патриотс со 14-33 и дојдоа до првата меѓусебна победа после 2000.
,,Мечките” го започнаа мечот со предност од 0-10 после првата четвртина, но во вториот квартал, Патриотс, предводени од резервниот квотербек, Бејли Запи, дојдоа до водство од 14-10.
Сепак, играта во нападот на Запи доживеа потполен колапс за конечен учинок од 185 освоени јарди од 14/22 обиди за додавање, еден тачдаун и два пресечени пасови.
Во продолжение, Џастин Филдс (261 вкупно освоен јард, еден уфрлен тачдаун и еден со трчање) му донесе потечна игра на Чикаго, која резултираше со победничка серија од 23-0.
За Берс, тачдаун, освен Филдс, постигнаа уште Калил Херберт и Дејвид Монтгомери, додека за Њу Ингланд по шест поени донесоа Рамондре Стивенсон и Џакоби Мајерс.
После овој натпревар и двете екипи имаат учинок од 3-4 со тоа што Патриотс се десетти во Американската, а Берс се деветти во Националната конференција.




