
Екипата на Пеликанс ја забележа и петтата победа во низа, откако денес го совлада ИФК Хелсинки со минимални 1-0.
На мечот, домаќините беа за нијанса послаб противник, но дојдоа до клучното водство до голот на Ото Кивенмаки од пенал во петтата минута од втората третина.
Голманот на ,,Пеликаните”, Јаспер Патрикаинен, ги одбрани сите дваесет и шест противнички удари за вториот шут-аут во сезоната.
Во моментот, ИФК Хелсинки ја зазема тринаесеттата позиција на табелата, додека Пеликанс скокнаа на второто место.




