
Судтирол влезе во својата дебитантска сезона во Серија Б со три порази, после кои го доведе тренерот Пјерпаоло Бизоли.
Бизоли успешно ја вклопи екипата и на наредните седум средби запиша пет победи и две ремија.
Последна ,,жртва” на претставниците на Болцано беше Парма, која во десеттото коло беше поразена со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Ханс Николуси Кавиља (29′), кој стрелаше за првпат во новата средина.
До крајот, гостите се обидуваа во најмала рака да изборат реми, но нивната надеж престана на дванаесет минути пред крајот, кога втор жолт картон заработи Џејден Оостерволде.
На табелата, Судтирол го претекна денешниот ривал со тоа што му ја зазеде седмата и го спушти на осмата позиција со новите три бода.




