
Нотс Каунти се задржа на првото место во англиската Национална лига, откако во увертирата на петнаесеттото коло славеше над Мејдстоун со 3-0.
Во првото полувреме, единствениот гол го постигна Мекоули Лонгстаф (44′), кој е најдобар стрелец во англискиот фудбал со шеснаесет голови на петнаесет средби.
Освен него, во вториот дел реализираа уште Рубен Родригеш (52′) и Седвајн Скот (63′) за конечен триумф на ,,Страчките”.
За Нотс Каунти, ова е посакуван старт на сезоната, додека Мејдстоун остана во ,,црвената” зона на дваесет и првото место со натпревар повеќе во однос на најблиските ривали.




