
Екипата на Блек Вингс Линц дојде до шестата победа на последните седум средби, откако во деветтото коло од хокеарската ИЦЕ Лига славеше над Инсбрук со 4-1.
На овој начин, домашниот состав ја прекина серијата на гостите од три последователни триумфи.
На мечот, клубот од Тирол поведе со 0-1 преку Даниел Левенс уште во првата минута, но до крајот, четири пати го вадеше пакот од својата мрежа.
За Линц, во првиот период стрелаа Шон Улет-Ст. Амант и Михаел Хага, а во третиот дел, двапати реализираше Греам Нот.
На табелата, Линц изби на второто место, потиснувајќи го денешниот ривал на третата позиција.




