Во недела 23. октомври се игра 9.коло во Втората МФЛ во која има неколку интересни натпревари.
Екипата на Караорман ја очекува тежок натпревар на домашен терен. Во Струга од 14.часот гостува амбициозниот тим на Детонит Плачковица кој се наоѓа на четвртото место на табелата со 5 победи во досегашниот дел од сезоната.
Во Гостивар се игра големото дерби помеѓу домаќинот кој е трет на табелата и лидерот Вардар. Во продолжение термините за останатите натпревари.
