
По кратката негативна серија, Карпат успеа да ја консолидира својата игра и да запише четири триумфи на последните пет средби.
Денес, хокеарите од Оулу го поразија составот на Асат со 2-0 на домашен терен.
За победничкиот состав, во првата третина реализираше Каспер Бјорквист, а во третата – Јулиус Јунтила и притоа, во вториот период, Коди Кунјук промаши пенал.
Домашниот голман, Лееви Мерилаинен, имаше 32/32 одбранети шутеви и дојде до вториот овосезонски шут-аут.
На табелата, Карпат дојде на второто место, а Асат остана на десеттата позиција.




