
Шестото коло од тековната НФЛ сезона беше затворено со мечот помеѓу ЛА Чарџерс и Денвер Бронкос.
Имено, Чарџерс дојдоа до третата последователна победа, откако ги надиграа своите ривали од Колорадо со 19-16 после продолжение.
Во текот на регуларниот дел, Бронкос започнаа со серија од 10-0 во првата, а Чарџерс возвратија со иста мера во втората четвртина, пред двете екипи, по наизменичен редослед да запишат уште по два филд-голови.
За Бронкос, Брендон МекМанус погоди вкупно четири шутеви, еден тачдаун запиша дебитантот Грег Дулсич, а Расел Вилсон имаше 188 јарди од 15/28 прецизни додавања.
На спротивната страна, топката во енд-зоната ја внесе Остин Екелер, шутевите ги погоди Дастин Хоплинс, а Џастин Херберт освои 238 јарди од 37/57 обиди за додавање и имаше еден пресечен пас.
Во Американската конференција, Чарџерс (4-2) избија на четвртото место, а Бронкос (2-4) паднаа на дванаесеттата позиција.




