
Аризона Којотес дојдоа до првата овосезонска победа, славејќи со 2-4 над Торонто Мејпл Лифс.
Заклучно со втората третина, гостите водеа со 0-2, благодарение на головите на Ник Ричи и на Кристијан Фишер.
На средината на третиот период, Канаѓаните успеаја експресно да израмнат, кога, во интервал од половина минута, реализираа Вилијам Ниландер и Митч Марнер.
Сепак, ,,Којотите” дадоа уште два погодоци во завршните две минути преку Шејн Гостисбер и Лосон Краус за да дојдат до конечниот триумф.
Во Западната конференција, Аризона скокна на дванаесеттата позиција, додека Торонто падна на деветтото место на Истокот.




