
Поранешниот српски фудбалер и тренер на Црвена Ѕвезда, Дејан Станковиќ, од неодамна стана нов менаџер на Сампдорија.
Во рамките на десеттото коло од италијанската Серија А, Србинот дебитираше на домашниот стадион ,,Луиџи Ферарис” со пораз од Рома од 0-1.
Човекот на одлуката на натпреварот беше Италијанецот Лоренцо Пелегрини, кој погоди од пенал во деветтата минута и дојде до својот прв овосезонски гол.
Со петтиот пораз на последните шест средби, Сампдорија остана на самото дно на табелата, додека Рома се искачи на четвртото место.




