
По седми пат на последните девет средби во сите натпреварувања, Фенербахче успеа да им донесе победа на своите навивачи.
Во завршницата на десеттото коло од турската Супер лига, претставниците на Истанбул триумфираа над Анкарагучу со 0-3.
Домаќините од главниот град на Турција одиграа добар натпревар, иако важеа за потполни аутсајдери.
Сепак, Фенербахче дојде до посакуваните три бода со головите на Мичи Батшуаји (3′), на Ирфан Џан Кахвечи (25′) и на Диего Роси (90+2′).
На табелата, Фенербахче скокна на второто место, оставајќи го денешниот ривал на седумнаесеттата позиција.