
Во дербито на шестото коло од новата НФЛ сезона, Бафало Билс славеа над Канзас Сити Чифс со 20-24.
Воедно, ова беше дуел на двајца од најдобрите квотербекови на денешницата – Патрик Махоумс од Канзас и Џош Ален од Бафало.
Махоумс го заврши натпреварот со два тачдауни, две пресечени додавања и 25/40 прецизни обиди за 338 јарди.
Од нив, 113 фати Џуџу Смит-Шустер, кој имаше и тачдаун, заедно со Мекол Хардмен, а шутерот Харисон Баткер, погоди два филд-голови и два екстра-поени.
Едниот филд-гол на Баткер беше оддалечен 62 јарди од метата што претставува рекорд на франшизата на Чифс.
Неговиот колега од другата страна, Тајлер Бас, имаше еден филд-гол и три екстра-поени после тачдауните на Гејб Дејвис, на Стефон Дигс (148 јарди) и на Досон Нокс.
Нивниот квотербек, гореспоменатиот Ален, уфрли за сите три тачдауни и освои 329 јарди од 27/40 прецизни додавања.




