
Њујорк Јенкис изборија ,,мајсторка” во четвртфиналето против Кливленд Гардијанс, откако израмнија на вкупни 2-2 со триумфот од 2-4.
Претставниците на ,,Големото јаболко” поведоа со 0-3 уште во првите два периоди и до крајот успешно ја одбранија предноста.
Најзаслужен за тоа беше стартниот фрлач, Герит Кол, кој освои дури осум страјк-аути за седум ининзи.
Покрај неговиот придонес, од неговите соиграчи, во листата на поентерите се запишаа Глејбер Торес, Харисон Бејдер, Џош Доналдсон и Арон Џаџ.
На спротивната страна, по еден поен постигнаа Стивен Кван со трчање и Џош Нејлор со хоум-ран.