
Во единаесеттото коло од шкотската Лиг 2, Анан и Странрер ремизираа со 1-1.
Станува збор за локално ривалство од југозападниот дел на Шкотска, поради фактот дека двете екипи, заедно со третолигашот Квин оф Саут, се единствени професионални од областа Дамфрис и Галовеј.
Домаќинот подобро го отвори мечот и поведе уште во втората минута со голот на Џош Галовеј од слободен удар.
Во второто полувреме, Странрер целеше кон победа, но успеа само да го израмни резултатот преку четвртиот овосезонски погодок на Џејмс Хилтон (65′).
На табелата, Анан е подобар единствено од Албион Роверс, додека Странрер се наоѓа на седмото место.




